Украинската амбасадорка Лариса Дир по повод најголемиот руски воздушен напад врз Украина од почетокот на целосната инвазија, проследен со невиден број беспилотни летала и проектили истрелани врз цели низ целата земја, при што загинаа најмалку 31 лице, а беа повредени повеќе од 150 лица, напиша на својот профил на Х дека на 675 ден од руската инвазија, продолжува ракетниот терор на рф.
Бранот напади започна во текот на ноќта кон петокот и ја погоди целата земја, со експлозии пријавени во главниот град Кијив, како и во породилиште во централниот град Днипро, источниот град Харкив, југоисточното пристаниште Одеса и во западниот град на Лвив, далеку од првите борбени линии.
675. Продолжува ракетниот терор на рф!#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/r6ac1kafsI
— Larysa Dir (@dir_larysa) December 30, 2023
М. П.