Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас за време на расправата во Парламентот за буџетот за 2022 година, говорејќи за надворешната политика, се осврна на регионот, рече дека „проблемите на Договорот од Преспа се очигледни“, но истакна дека врз основа на принципот договорите мора да се почитуваат (pacta sunt servanda), тие се да се стремат кон спроведување, јави дописничката на МИА од Атина.
– На Западен Балкан, придонесуваме регионот да го надмине неговото минато, да стане дел од принципите и вредностите на Европската Унија. Проблемите на Договорот од Преспа се очигледни, но врз основа на принципот „pacta sunt servanda“ продолжуваме да се стремиме кон негово, со добра волја, спроведување и толкување за да одиме напред во нашиот регион, рече Дендиас.