Денеска полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР. Тој беше баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело “Тероризам” во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро, соопшти попладнево МВР во Скопје. Тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред надлежен судија.