Британската актерка и модел Елизабет Харли (59), која на прагот од седмата деценија воодушевува со својот младешки изглед и совршена фигура, објави нови фотографии во костими за капење од својата најнова колекција и успеа повторно да ги воодушеви своите следбеници и навистина да им го одземе здивот.
Два модели костими за капење во кои гордо ја покажа својата витка линија совршено ги истакнаа сите нејзини атрибути и навистина е тешко да се поверува дека оваа жена наскоро полни 60 години.
Пред неколку месеци, таа ја освои титулата за најубава жена на светот, а сега слободно може да се каже дека го заслужува тоа – дефинитивно е меѓу најубавите и најсексипилните познати жени, пренесуваат светските агенции.
Додека во првата објава, Елизабет позира со пријателка и промовира два модели на костими за капење, во иста боја, во видеото кое штотуку стигна до нејзините фанови, таа покажа совршена фигура од сите агли.
Таа уживаше на песок, под палма, на сонце, море и слобода, и успеа повторно да ги шармира своите обожаватели со линијата на девојка.
Текстот (Видео) Харли го покажа секој дел од своето тело во бикини: „Невозможно е да има 59 години“ е превземен од МАКФАКС.