Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го одржа својот прв состанок на владата во вториот мандат. На состанокот, меѓу другите, присуствуваше и милијардерот и шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск, кој ги претстави плановите за намалување на федералниот дефицит.

За време на состанокот, Трамп ја истакна важноста од почитување на неговите упатства и, на смеа од позадина, рече дека ќе ги исфрли оние кои не се задоволни со Маск.

Имено, Маск требаше да одговори на новинарско прашање кога Трамп го прекина и праша дали некој е незадоволен од него. „Еј Илон, нека разговараат министрите малку. Има ли некој незадоволен од Илон? Ако има, ќе го исфрлиме одовде“.

Текстот (Видео) Трамп до министрите: Дали некој е незадоволен од Илон? Ако е, ќе го исфрлиме е превземен од МАКФАКС.