Британскиот рок гитарист Џон Сајкс, кој свиреше со бендовите  „Вајтснејк“ и „Тин Лизи“ почина на 65-годишна возраст.

„Со голема тага ја споделуваме веста дека Џон Сајкс почина по тешка битка со ракот“, се вели на неговата веб-страница.

„Многумина ќе го паметат како човек со исклучителен музички талент, но за оние кои лично го познаваа, тој беше внимателен, љубезен и харизматичен човек чие присуство ја осветлуваше просторијата“, се додава.

„Во последните денови тој зборуваше за својата искрена љубов и благодарност до своите обожаватели кои беа со него сите овие години“, се вели во објавата.

Сајкс свиреше на два албума на „Вајтснејк“ и беше ко-автор на некои од најпознатите песни на бендот, вклучувајќи ги „Стил оф д најт“ и „Ис дис лов“.

Тој ја започна својата кариера во 1980 година со хеви метал бендот Тајгерс оф Пан Танг, сними два албума пред да се приклучи на „Тин Лизи“ во 1982 година. Во 1984 година, тој се приклучи на  „Вајтснејк“ на покана на основачот и фронтмен Дејвид Ковердејл.

По напуштањето на „Вајтснејк“, тој објави два албума со својот бенд „Блу мрдер“

Оддавајќи му почит на „Икс“ Ковердејл сподели бројни фотографии од него и Сајкс заедно на врвот на „Вајтснејк“.

„Само што ја слушнав шокантната вест за смртта на Џон… Моето искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и обожавателите“, напиша тој.

Текстот (Видео) Почина Џон Сајкс, гитаристот на „Вајтснејк“ и „Тин Лизи“ е превземен од МАКФАКС.