Илегалната миграција води до раст на антисемитизмот, насилството врз жените и ширењето на хомофобијата во Европската унија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на презентацијата на унгарското претседателство во Европскиот парламент.
„Европската унија мора да се промени и денес сакам да ве убедам во тоа“, ја започна Орбан презентацијата на унгарското претседателство со Европската унија, кое трае до крајот на годината, и предупреди дека Европа се соочува со „можеби најсериозното момент“ во нејзината модерна историја.
Тој во својот говор не ја спомна Украина, осврнувајќи се на таа земја дури по реакциите на парламентарците, велејќи дека Европа е на пат кон пораз во војната во Украина и дека води погрешна политика кон тој конфликт. „Мораме да зборуваме за примирје и да имаме поинаква стратегија или сите ќе изгубиме“, рече тој.
„Ние не сме членка на ЕУ поради тоа што таа е, туку поради тоа што може да биде“, нагласи Орбан, а ден откако на прес-конференција рече дека ќе ја прослави победата на Доналд Трамп на изборите во САД со „неколку шишиња шампањ“, тој го заврши својот говор со парафраза на неговиот слоган: „Да ја направиме Европа повторно голема“.
Parte del Parlamento Europeo canta el Bella Ciao después de la intervención de Viktor Orbán en Estrasburgo.
Metsola: “Esto no es Eurovisión” ni La Casa de Papel, “respeten la dignidad de esta casa” pic.twitter.com/b8oh6monTT— Beatriz Navarro (@beanavarro) October 9, 2024
Претставниците на левицата го пречекаа неговиот говор пеејќи ја антифашистичката песна Бела Чао, на што реагираше претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, предупредувајќи ги дека не се на Евровизија.
Текстот (Видео) Орбан пречекан во парламентот на ЕУ со Бела Чао; Мецола: Не сте на Евровизија е превземен од МАКФАКС.