Британски борбени авиони следеле руски авион кој летал блиску до воздушниот простор на Велика Британија, соопшти денеска Кралското воздухопловство (РАФ). Ова се случи неколку дена откако Кралската морнарица откри руски воени бродови кои минуваат низ Ла Манш, потсетува Ројтерс.

„Нашите противници не треба да се сомневаат во нашата цврста решителност и силна способност да ја заштитиме ОК“, рече министерот за одбрана на Велика Британија, Лук Полард.

РАФ и Кралската морнарица редовно го следат движењето на руските воени бродови и авиони во близина на британските води и воздушниот простор.

Министерството за одбрана соопшти дека ова е втор пат во последните три месеци РАФ и Кралската морнарица да забележат руски авиони и бродови за само една недела, пренесува Танјуг.

Текстот Британски борбени авиони следеле руски авион близу до воздушниот простор на Британија е превземен од МАКФАКС.