Тренерот на Сакраменто Кингс, Мајк Браун е избран за најдобар тренер оваа сезона во НБА. Како што објавија медиумите од САД, Браун стана првиот стратег во историјата на лигата кој едногласно е избран за најдобар тренер. Браун оваа сезона навистина прави чуда со тимот на Сакраменто.
„Кралевите“ се пласираа во плеј-офот за прв пат по 2006 година, каде во моментов водат со 2:0 во дуелот против Голден Стејт.
Претходно, Браун, ја доби наградата за најдобра тренер во лигата и од Асоцијацијата на тренерите во НБА. Ова е втор пат Браун да биде избран за најдобар тренер во НБА, првпат тоа се случи во 2009 година кога ги предводеше Кливленд Кавалирс.