„Боинг“ ќе инвестира дополнителни 450 милиони долари во „Виск“, компанија која се занимава со развој на автономни летечки такси.
Сметаме дека ова е голема стратешка предност за „Виск“, директно да се фокусира на автономни авиони, воведувајќи ги овие принципи на секое ниво на дизајн и развој – изјави главниот директор за стратегија на „Боинг“, Марк Ален.
Одлуката да се прескокне генерацијата eVTOL, кои развиваат независни стартапи и некои воздухопловни групи, подразбира подоцнежна презентација од целта за 2024 година што ја замислија повеќето конкуренти.
„Боинг“ одби да даде датум за, како што ја нарекува, шестата генерација патничко возило „Виск“, но извори од индустријата велат дека имало идеја тие да се претстават за сертификација околу 2028 година.
„Боинг“ соопшти дека тоа ќе биде првото автономно патничко возило што ќе биде сертифицирано во САД.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.