Шпанскиот хуманитарен брод „Оупен Армс“ (Open Arms) денеска пристигна во близина на брегот на Газа.
Бродот носи 200 тони храна која очајно им е потребна на десетици илјади Палестинци раселени поради повеќе од петмесечната војна меѓу Хамас и Израел.
Помошта доаѓа откако Обединетите нации повторно предупредија на заканата од глад во Газа.
Бродот во вторникот тргна од Кипар.