
Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија Деонтеј Вајлдер е уапсен во Лос Анџелес во раните утрински часови во вторникот.
Полицискиот оддел на Лос Анџелес потврди дека Вајлдер бил уапсен во 1.15 часот наутро и бил приведен. Сепак, 37-годишниот боксер бил пуштен со кауција нешто по 6.30 часот.
Според извештајот на „TMZ Sports“ , но непотврден од полицијата, автомобилот на Вајлдер бил запрен од полицајците како дел од рутинска сообраќајна проверка, а во возилото бил пронајден пиштол. Вајлдер објави кратка изјава на Твитер.
„Попрво сакам да сум безбеден, отколку да жалам. Крај“.