Кошаркарите на ТФТ од Скопје славеа со 86-81 на гостувањето кај Академик Пловдив во рамки на 4.коло во Балканската БИБЛ-лига.
Александар Маслинко со 18 поени беше најдобар во македонскиот тим, Страхил Николов имаше 15 поени, а Александар Костоски натпреварот го заврши со 12 поени и 9 асистенции.
Тимот од населбата Тафталиџе ја прекина победничката низа на Академик од четири натпревари и сега има ефект од две победи и два порази во рамки на групата Б.
ТФТ утре му гостува на тимот на Берое, кој засега има ист ефект од две победи и два порази.