При пукање во Винипег, Канада, три лица загинаа, а две се тешко повредени, соопшти локалната полиција. Престрелката се случила вчера нешто по 4 часот наутро, западно од центарот на градот.
Полицајците на местото на настанот пронашле пет жртви со прострелни рани.
„Инцидентот се случи во резиденција со повеќе единици; нема дополнителни информации за можниот мотив, рече портпаролот на полицијата во Винипег, Џејсон Михалишен“, пренесува Си-Ен-Ен.