Триесет и шест кинески воени авиони се забележани околу Тајван во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за одбрана на островот. Ова е најмасовниот прелет на кинески авиони регистриран оваа година, пренесоа француските медиуми.
-Тринаесет од авионите ја преминаа средната линија на Тајванскиот теснец, објави Министерството, мислејќи на неофицијалната демаркациона линија меѓу Кина и Тајван, која Пекинг не ја признава.
Во 24 часа до 6:00 часот по локално време Министерството за одбрана пресретна и шест воени бродови кои пловеа околу Тајван.
Министерството синоќа соопшти дека биле пресретнати 20 воени авиони, беспилотни летала и транспортни авиони.
Претходно, 32 воени авиони беа видени во период од 24 часа до 6 часот вчераутро.
Пекинг го засили воениот и политичкиот притисок врз островот по изборот на претседателот Цаи Инг-вен во 2016 година, кој не ги признава кинеските претензии за островот.
Распоредување на повеќе кинески воени машини беше пријавено околу Тајван кратко по претседателските избори на 13 јануари 2024 година на кои победи Вилијам Лаи.