Пратениците во бугарското собрание во прво читање едногласно ги изгласаа измените во Законот за бугарско државјанство, според кои, освен измена на условите за добивање државјанство, ќе биде објавен јавно и регистарот на сите лица кои имаат бугарски пасош.
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев тврди околу 120.000 граѓани на Македонија имаат бугарски пасош, амеѓу нив имало многу поранешни и актуелни политичари, пратеници и министри.