Полицијата уапси неидентификуван маж во Загреб помалку од два часа откако упаднал со пиштол во просториите на Клиничкиот болнички центар (КБЦ), главната хрватска болница, објави државната радио и телевизија.
Хрватските агенции објавија фотографии на кои се гледа како полицијата од болницата во Загреб приведува неидентификуван маж, со кој полицијата претходно преговарала.
КБЦ најави дека ќе објави соопштение додека полицијата се уште официјално нема дадено детали .
Според хрватската државна радио и телевизија, пациентите и персоналот се вратиле во просториите на болницата кои биле испразнети.
Помошникот на директорот на КБЦ претходно за „Вечерњи лист“ изјави дека не е загрозен и дека не се знае дали пиштолот бил вистински, а интервентната полиција преговарала со човекот во психијатриското одделение во Зелената зграда на КБЦ.
Просторот е испразнет од луѓе, никој не е во опасност, изјави за Вечерњи лист д-р. Миливој Новак, помошник директор на КБЦ.
Како што ја пренесоа медиумите информацијата што ја добиле од полицијата, во 10.05 часот болницата побарала интервенција на полицијата поради маж кој се заканувал.