Лидерите на Финска претпладнево објавија дека земјата и официјално ќе побара членство во НАТО што претставува голема промена во политиката на таа земја.

Advertisements

Финска, која дели граница (1.300 километри) и тешко минато со Русија, постепено ја засили својата соработка со НАТО, откако Русија го анектира Крим во 2014 година. Но, скандинавската земја досега се воздржуваше од придружување во Алијансата, со цел да одржува пријателски односи со источниот сосед.

По повеќедневна дебата за тоа намерата на Финска и официјално да влезе во НАТО, поради војната во Украина, конечната одлука е донесена денеска.

Претседателот Саули Ниисто и премиерката Сана Марин денеска објавија дека Финска ќе побара членство во НАТО, иако останаа уште неколку чекори пред да започне процесот на поднесување на пријавата.

„Финска мора да аплицира за членство во НАТО, без одлагање“, се истакнува во заедничкото соопштение на Ниисто и Марин.

Прикажи повеќе