Полската војска денеска соопшти дека привела група од околу 100 мигранти кои во текот на минатата ноќ ја преминале границата со Белорусија. Полската војска ги обвинува белоруските вооружени сили дека командувале со оваа операција, пренесува АФП.
Advertisements
До инцидентот доаѓа додека Белорусија, која вели дека сака да ја смири кризата на границата, се подготвува за лет за враќање на 200-300 мигранти во Ирак.
Илјадници мигранти, најголемиот ден од нив од Средниот Исток, од летото кампуваат недалеку од границата меѓу Белорусија и Полска, во теши услови, со желба да влезат во Полска, односно на територија на ЕУ.