Третата доза од вакцината против коронавирус на „Pfizer“ го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти од заштитата што ја обезбедуваат првите две дози, велат истражувачите од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јеил во американската сојузна држава Конектикат.
– Проценивме дека ризикот од инфекција е намален за дополнителни 83 до 87 проценти најмалку две недели по примањето на третата доза – потврдија истражувачите предводени од Даниел Вајнбергер.
CNN објави дека тимот на Јеил следел повеќе од 300.000 луѓе на возраст од 40 и повеќе години кои примиле две или три дози од вакцината Pfizer/Bayontek преку здравствената служба Макаби во Израел.
Истражувачите откриле дека 6,6 отсто од луѓето кои примиле две дози од вакцината и 1,8 отсто од оние кои примиле три дози биле позитивни од август до почетокот на октомври, што претставува намалување на ризикот за 86 отсто.