Најавениот дожд и невремето најпрво пристигна на југот на Србија.

Advertisements

Ниш и неговата околина нешто по 15 часот ги зафати невреме и грмотевици, а потоа лошото време се пресели на север. Во Ниш врнеше силен дожд проследен со ветер и грмежи. Поради лошите временски услови, некои делови од градот останаа без струја.

Според нишките медиуми, струја нема во населбата Паси Пољана, дел од Палилула и булеварот Византиј. На самиот југ на Србија, кај Грачаница, паѓа силен град./Makfax

Прикажи повеќе