реклама

Турските актери Бурак Озчивит (38) и Фахрије Евџен (36) на почетокот на годината станаа родители по втор пат, откако убавата актерка го роди нивниот втор син Керем.

Како што пишува CNN Türk, Бурак Озчивит решил на својата сопруга да и купи ран роденденски подарок по раѓањето на нивното второ дете, а изборот паднал на бел автомобил Range Rover. Покрај тоа, Фахрије добила и таблички со буквите од нејзиното име – 34 FE.

реклама

Според медиумите, станува збор за најновиот модел на ова возило, кој е омилен автомобил на Бали бег, па тој со години го вози овој црн автомобил. Откако долго време ги имаше неговите иницијали на таблите, во 2016 година реши да стави 34 FR на новите таблички, во чест на неговата сопруга Фахрије.

Да потсетиме, второто дете на среќната двојка се роди на 18 јануари, а по излегувањето од болница изгледаа многу среќни.

реклама

– Пораѓањето помина многу добро. Керем изгледа како Каран кога бил бебе. Господ да им даде на сите што сакаат ваква среќа – истакнаа актерите.

Бурак потоа додаде дека Каран е горд постар брат кој едвај го чека новото додавање.

  • Реакцијата на Керем е неверојатна, едвај го чекаше. Искрено, не изненади – откри актерот.

реклама