
Рускиот тенисер Данил Медведев славеше со 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-3 и 7-6 против италијанецот Адријан Манарино во второто коло на Вимблдон.
Медведев денеска без проблеми ја доврши задачата, која ја почна вчера кога беше прекинат натпреварот при резултат 2-0 во сетови и 4-4 во третиот сет.
Русинот во третото коло ќе игра против победникот од мечот меѓу Маркос Гирон и Мартон Фучович./Sport1/