Македонската фудбалска репрезентација ќе ја заврши 2021 година на 67-то место на ранг-листата на ФИФА, што во годината во која „црвено – жолтите“ изборија историски настап на Европското првенство и обезбедија мундијалски бараж, е за две места послаб пласман од минатогодишниот.
Белгија по четврти пат едноподруго ќе ја заврши календарската година како првопласирана на ФИФА ранг-листата, пред Бразил и Франција.
Следат Англија и Аргентина, додека европскиот првак Италија, против која македонските фудбалери ќе го играат полуфиналето во мундијалскиот бараж на 24 март во Палермо, е на шестото место. Меѓу првите десет репрезентации се и Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.