Губењето килограми е популарна тема во текот на летните месеци.
Добрата вест е дека со пливање, која е една од омилените активности во лето, можеме да согориме калории и да ослабиме. Пливањето е активност која придонесува за здравјето на многу начини, од подобрување на здравјето на срцето до градење мускули, а исто така може да ви помогне побрзо да изгубите тежина.
Но, колку калории можеме да согориме при пливање?
Како што објаснува тренерот Рошел Бакстер, пливањето во слободен стил согорува во просек 700 калории на час.
Градното пливање согорува околу 700 калории, додека грбното согорува нешто помалку, односно 500 калории за еден час пливање. Пливањето „делфин“ е стил што е со највисок интензитет и со него можеме да согориме до 800 калории.
Бакстер, исто така, нагласува дека точниот број на калории што ќе ги согориме со пливање во голема мера зависи од интензитетот на пливањето, нашата телесна тежина и метаболизмот.