Во 2021 година, Кинезите спиеле во просек час и половина покусо отколку пред едно десетлетие, покажува истражување објавено вчера по повод Светскиот ден на спиењето.
Според тоа, просечното време на спиење на Кинезите се намалило од 8,5 часа во 2012. на 7,06 часа во 2021 година. Дури 42,35 отсто од Кинезите работат или учат повеќе од осум часа секој ден, вклучително и 3,54 отсто – кои дури работат или учат подолго од 12 часа, што исто така може да биде причина за несоодветен сон. Само 35 отсто од Кинезите успеваат да спијат осум часа. Причините се различни – одложување на сонот поради игри или интернет, деловни и училишни обврски до нарушувања на спиењето.
Проблеми со сонот често се среќаваат кај мајките, студентите и работниците.
Испитувањата покажаа дека 11,33 отсто од кинеските работници имаат навика да пијат чај или кафе секој ден на работа. Над 60 отсто нив се зависни од овие напивки при работата.
Извештајот посочи и на важноста на она што влијае на квалитетот на сонот – за тоа што треба да се прави за менталното здравје, среќата, животот воопшто и социјалните односи кај луѓето. Спиењето е важен показател за социјалниот развој, се наведува.