Јавната здравствена установа Здравствен дом Тетово преку соопштение ја информира јавноста дека не е нивно возилото за итна медицинска помош за кое неколку портали објавиле видео и напишале дека се превезува инвентар до објект за игри на среќа.
Според тетовскиот Здравствен дом возилото е на приватна установа.
Во интерес на вистина сакаме да ве информираме дека на одделни портали кружи видео дека се споменува дека е возило на Брзата помош во Тетово, со која се нарушува угледот на одделот за Итна медицинска помош е невистинит, на посоченото видео не е возило на Итната медицинска помош или Брза помош, која работи во склоп на Здравствениот дом Тетово, туку се работи за амбулантно возило во сопственост на приватна здравствена установа, објави Здравстен дом Тетово на социјалната мрежа Фејсбук.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.