Астролозите именуваа два хороскопски знаци кои ги чека бирен викенд. Ќе се соочат со поранешните големи љубови и…Дали ќе ја „уплескаат“ љубовта или ќе ја обноват?

Еве кои се на астролистата.

Лав

Лавовите ќе се сретнат со старата љубов или ќе добијат телефонски повик. И одеднаш животот ќе им стане истовремено и рај и пекол. Астролозите советуваат да не влетувате веднаш во стариот “бунар“ туку да оставите време за размислување. Ова не е вистински ѕвезден период за обновување на старите врски, зашто набргу повторно ќе завршат. Тогаш, зошто ви се нови измачувања? Погледнете наоколу, нови љубови се на прагот и ветуваат многу повеќе од „непреболената“.

Водолија

Што би се случило ако старата голема љубов ви стане минлив флерт? На тоа прашање овој викенд ќе можат да си одговорат бројни луѓе родени под соѕвездието Водолија. Ќе доживеете прекрасни мигови со стариот партнер/ка и конечно ќе сфатите дека не мора да се биде под ист кров со оние кои ги сакате. Ваквото сознание, дури и за авангардните Водолии, ќе биде вистинско откритие!

Прикажи повеќе