Дефорестацијата на Амазон во првите пет месеци од годината откако е на власт претседателот Луиз Инасио да Силва е намалена за 31% во споредба со истиот период минатата година, соопштија бразилските власти.
Сателитските снимки покажуваат дека од јануари до мај годинава биле уништени 1986 квадратни километри шумски површини во бразилскиот дел од најголемата прашума во светот, што е за 31% помалку од 2.867 квадратни километри, колку што беа исечени во истиот период во 2022 година, според бразилската агенција за вселенски истражувања.
Податоците на вселенската агенција INPE се добри вести за здруженијата за заштита на околината кои олагаат голема надеж во новиот бразилски претседател, кој ја презеде должноста на 1 јануари годинава и вети дека ќе се бори за прекин на незаконското сечење на шумите откако на крајот на мандатот на неговиот прехтодник беше забележана се поголема дефорестација и повеќе шумски пожари.
Кога беше претседател Хаиро Болсонаро просечната годишна дефорестација се покачи за над 75% во споредба со претходната деценија.
Бразил игра многу битна улога во рамнотежата на климата на нашата планета, главно поради Амазон. Спречувањето на дефорестацијата во Амазонија помага и во намалувањето на глобалното затоплување. Експертите тврдат дека вистинскиот тест за бразилската влада во однос на дефорестацијата ќе започне во текот на идните месеци затоа што околу јули почнува сушното време во Амазонија и тоа е најинтензивен период за сечење и пожари.