На Волстрит вчера берзанските индекси пораснаа, благодарение на растот на цените на акциите на неколку технолошки гиганти, но тргувањето беше претпазливо поради ризикот од рецесија на американската економија.

Advertisements

Dow Jones зајакна 0,01 отсто, на 33 485 поени, додека S&P 500 порасна за 0,36 отсто, на 4 105 поени, а индексот Nasdaq 0,76 отсто, на 12 087 поени.

Растот на S&P 500 и Nasdaq индексот главно се должи на силниот скок на цените на акциите на технолошките гиганти, како Alphabet и Microsoft.

Тргувањето беше мирно бидејќи многу инвеститори веќе заминаа на одмор за велигденските празници, па обемот на тргување беше слаб.

Дополнително, инвеститорите се претпазливи, со оглед на тоа дека сите најнови податоци покажуваат дека растот на американската економија забавува, па постои ризик од рецесија.

Денеска ќе биде објавен извештајот за работните места во САД, кој вообичаено има значителен ефект на пазарот. Сепак, овој пат нема да има реакција од инвеститорите бидејќи Волстрит во петок е затворен поради празникот.