Утринава стапи на сила четиридневно примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, а попладнево ќе бидат ослободени 13 заложници.
Катар, заедно со Египет и САД, посредуваа за договор за примирје врз основа на кој 50 заложници држени во Газа ќе бидат ослободени во замена за 150 палестински затвореници во Израел.
Примирјето првично требаше да стапи на сила во среда, но беше одложено за денеска во 7 часот наутро, по локално време. Првото ослободување на заложниците, 13 жени и деца, се очекува околу 16 часот.