Грандиозниот настан наречен Vogue World: Hollywood собра бројни светски ѕвезди од различни сфери на уметноста. Актери, модели, костимографи, филмски режисери и големи модни магови беа дел од грандиозниот спектакл кој на уникатен начин ја истакна врската помеѓу филмската индустрија и светот на модата.
Вечерта беше одбележана со настапи на бројни личности, а најголем впечаток остави актерката Никол Кидман, која ја отвори програмата со изведба на песната „Put the Blame on Mame“. Притоа, таа го пресоздаде легендарниот настап на Рита Хејворт од класичниот „noir“ филм „Gilda“ од 1946 година.
За таа пригода, актерката одлучи да носи фустан без ракави од Шанел, направен од црн сатен. Украсен е со длабок шлиц, но и интересни детали кои ја нагласуваа целата нејзина женственост.
Стајлингот го надополни со високи потпетици, дијамантски ѓердан со потпис на Шанел, а косата ја стилизираше во стилот на стариот холивудски гламур. Покрај тоа, впечатлива беше и шминката, како и црвениот кармин кој даде само мала доза на сексапил.
Појавувањето на Никол на модната писта доаѓа само неколку недели откако беше потврден нејзиниот развод од Кит Урбан, со кого беше во брак 19 години.
По веста дека се разведува, Никол се појави на Неделата на модата во Париз со своите ќерки и покажа нова фризура. А сега го покажа и својот фустан за одмазда…
фото: принтскрин
Текстот (Видео) По фризурата за одмазда, доаѓа фустанот за одмазда: Никол Кидман никогаш не била посекси е превземен од МАКФАКС.























