Првата полна Месечина во 2022 година ќе се случи меѓу 17 и 18 јануари, а позната е како „Волчја месечина“ поради старото верување дека во овој период се слуша завивање на волци поради глад во зимските, студени ноќи.

Овој период ќе биде исполнет со изразени емоции и чувствителност, што и не е чудно со оглед на тоа дека доаѓа во Рак.

Полната Месечина влијае на сите знаци од Зодијакот, посебно на овие четири:

Овен

Ова е период во кој ќе повеќе од претходно ќе чувствувате носталгија, а ќе се присетите и на тешки моменти од минатото. Ќе ја преиспитувате сегашноста, од што треба да се ослободите и каков товар од минатото не ви дава да напредувате.

Ослободете го вашиот животен простор за тоа што навистина го сакате и што навистина ве усреќува.

Рак

Ова е период во кој конечно ќе се одморите од грижите за другите и ќе се посветите себеси. Полната Месечина ќе ви донесе самосвест и ќе ги зацврсти вашите убедувања и самодовербата. Затоа не е момент да сомневате во себе или да чувствувате вина, се што емитувате во овие денови повеќекратно ќе се засили.

Лав

Обожавате забава, но оваа полна Месечина од вас бара да бидете сериозни и да ги преиспитате вашите чувства и емоции. Дозволете си себеси да бидете нежни и меки, не ги кријте емоциите.

Особено е важно да обрнете внимание на емотивниот дел.

Стрелец

Овој период ќе биде исполнет со многу метеж и обврски. Во сето тоа лудило ќе мора да најдете време за полнење батерии и опуштање. Фокусирајте се на тоа што сакате да го промените кај себе и почнете да работите на тоа.

извор: kajgana.com