Во разорните поплави кои ја зафатија источна Либија досега загинаа над 5 300 луѓе, додека десетици илјади други се водат за исчезнати или се раселени. Најпогоден е градот Дерна каде што во невремето се урнаа две брани.
Бројот на загинати во Дерна, според градоначалникот Абдулменам ал Гаити, може да достигне и до 20 илјади.
„Се проценува дека бројот на загинати во градот би можел да достигне меѓу 18 000 и 20 000, врз основа на бројот на згради во областите уништени од поплавите“, изјави Гаити за телевизијата Саудиска Ал Арабија.