Лимонот е едно од најпопуларните и најсестраните агруми. Неговата популарност ја должи на освежителниот вкус и мирис кои воедно го прават е чест избор за ароматизирање на многу рецепти и парфеми.

Лимонот исто така нашироко се користи во сите видови пијалаци – од чаеви и коктели, до сокови. Лимонот одамна се користи поради својата лековити дејства. Претставува богат извор на витамин Ц, витамин А, бета-каротен, фолати, калциум и калиум.

Лимонот има огромни здравствени бенефити, од неговите антибактериски и антивирусни својства, до неговата способност за јакнење на имунитетот. Кога наутро пиете лимонов сок, ја храните својата кожа со важна доза од фолна киселина, која се наоѓа во сите агруми.

Имено, фолната киселина помага во елиминација на токсините од телото и со тоа спречува создавање на акни, а на вашата кожа може да и даде природен сјај. СОВЕТ: Додадете малку колаген во својата утринска лимонада за да имате уште поголем бенефит за вашата кожа, коса и зглобовите.

Течен колаген можете да си купите од било која аптека, или пак да растворите малку желатин за готвење. Лимоновиот сок делува и како средство за варење и детоксикација и помага во чистење на црниот дроб, што доведува до подобро дигестивно здравје.

Не само тоа, исто така е ефикасен начин за намалување на телесната тежина, бидејќи ја зголемува брзината на метаболизмот. За луѓето кои сакаат да го користат лимонот поради своите способности за топење на вишокот килограми, пиењето на лимонов сок со топла вода на празен стомак секое утро, може да даде неверојатни резултати.

Покрај слабеење, пиењето на топла лимонада секое утро има и бројни други предности. Нутриционистите од Едисон Институтот за Нутриција набројаа некои од најефикасните здравствени благодети од пиењето на лимоновиот сок со топла вода секојдневно.

БЕНЕФИТИ ОД ТОПЛАТА ЛИМОНАДА: Како богат извор на витамин Ц, лимоновиот сок го подобрува имунитетот. Пиењетп на лимонов сок со топла вода секое утро помага во одржување на рН рамнотежата во телото. Со своите моќни антибактериски својства, лимоновиот сок помага во борбата против инфекции.

Делува како средство за детоксикација. Помага во одржување на дигестивното здравје. Покрај виѕаминот Ц, лимонот е исто така богат извор на калиум, калциум, фосфор, магнезиум итн. Помага и во борбата против настинките. Лимонот исто така е популарен лек за многу кожни проблеми, почнувајќи од акни, осипи и брчки до темни дамки.

Лимоновиот сок со топла вода помага во брз губиток на килограми, бидејќи поттикнува варење и го забрзува метаболизмот. Многу е ефикасен во чистењето на црниот дроб, бидејќи го поттикнува во поефикасно исфрлање на токсините.

Лимоновите антиинфламаторни својства помагаат во борбата против респираторниот тракт, воспление на грлото и воспаление на крајници. Лимоновиот сок со топла вода го хидрира телото и му обезбедува електролити.

Топлата лимонада исто така помага во намалување на болките во зглобовите и мускулите. Лимоновиот сок со топла вода исто така е добар за здравјето на непцата и забите, бидејќи спречува гингивитис (после пиење на лимонов сок не треба да се јаде барем половина час).