реклама
МНОГУ мајки ги интересира зошто нивното бебе почесто се движи во стомакот во вечерните и ноќните часови, а во текот на денот е главно мирно. Според Хајди Муркоф, авторката на серијата водичи за бременост „Што да очекуваш кога чекаш бебе“, за ова има многу едноставно и разбирливо објаснување.
„Една од најсмешните работи кај бебињата е тоа што во утробата најмногу сакаат да се движат додека нивните мајки лежат. Имено, кога сте будни цел ден, вашето бебе најверојатно ќе спие, а неговите движења ќе бидат многу побавни и помалку изразени. Исто така, помала е веројатноста да забележите бебешки клоци кога сте зафатени и преокупирани со секојдневните задачи“, објаснува Муркоф.
реклама
„Но, навечер, кога ќе забавите, вашето бебе се буди и е подготвено да се сврти, да клоца и да се извитка. Иако ова можеби не е добро за вашиот добар сон, тоа е сосема нормално“.
реклама