Главниот лик од јапонската анимирана серија Покемон, Еш Кечум, не беше наречен така на почетокот, во оригиналното издание.

Вистинското, јапонско име на Еш е Сатоши, а тој го добил името по креаторот на Покемон, Сатоши Таџири.

Серијата Покемон првично се емитуваше во 1997 година и стана хит, потоа дојде во САД и тогаш студиото одлучи да ја прилагоди серијата на пазарот и го смени името на Сатоши во Еш, за да звучи поамериканско.

Презимето Кечум го доби за возврат од познатата фраза од серијата Gotta catch ’em all, односно од двата централни збора од таа изрека.

Да напоменеме дека денес, 25 години по неговото емитување, Покемон се уште е многу популарна франшиза вредна околу 92 милијарди долари, а Еш и, секако, неговиот верен придружник Пикачу, се двата најпознати лика од серијата.