Могамедгаджи Нуров (борење-слободен стил) го освои златниот медал на Медитеранските игри ОРАН 2022, во Алжир.

Тој во прекрасна и доминантна борба го победи најдобриот турски борач Фејзула Актурк со резултат 4:3 и го освои златниот медал на МИ ОРАН 2022 со што го одбрани златниот медал од Медитеранските игри 2018 (Тарагона, Шпанија).

Нуров, кој е Олимписки стипендист на МОК и кој освои бронзен медал на Светското првенство во Нур-Султан (Казахстан) во 2019 година, во овој момент е еден од тројцата најдобри борачи во светот, со сигурност ќе атакува на медал на Олимписките игри ПАРИЗ 2024.