Поради рушење на овој објект, жителите на селото Лока, Сарај, се блокирани со недели.

Полицијата не дозволува мештаните да поминуваат по патот кој го поврзува селото со градот.

Поради тоа, треба да поминат дополнителни километри преку Сарај за да стигнат до градот, бидејќи друга алтернатива немаат.

Претседателот на Месната заедница на селото, вели дека поради блокадата, селаните не можат да ги извршуваат нивните работи.

„Денес е 10-тиот ден како е блокиран патот. Секој ден е блокиран поради рушење на објектот зад нас. Зошто се руши не знаеме, но ние, жителите на Лока сме блокирани и не можеме да се движиме. Не можеме да си ги завршиме нашите обврски. Треба да кружиме преку Сарај“, истакна Исмет Бајрами.

Објектот се наоѓа на територија на општина Карпош, од каде велат дека градежните активности ќе траат од два до три дена.

„Рушењето на дивоградба ќе трае уште неколку 2-3 дена, по што ситуацијатта на терен ќе се врати во првобитна состојба. Заради поголема безбедност на граѓаните, сега е затворен дел од патот“, велат од Општина Карпош.

Таму се наоѓа и мостот кој ја поврзува Лока со Ѓорче Петров, но жителите не можат да го користат бидејќи станува збор за стар мост кој претставува опасност.

Неколку жители се обврзани да ги остават автомобилите на другата страна на реката Вардар за полесно да движат.

За овој мост е ветено многу пати, но никогаш немало конкретно решение.

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети вели дека е спремен за соработка за реализација на овој проект.

„Јас комуницирав и со пратеникот од другиот политички субјект кој ова прашање го покрена во Собрание, г. Кастриот Реџепи. Деновиве ќе се сретнеме за ова прашање и сум спремен со секого да соработувам за реализацијата на овој проект кој е многу важен“, порача Блерим Беџети.

Од општина Карпош за ТВ21 соопштија дека по рушењето на дивоградбата, патот ќе биде оспособен за безбедно движење на граѓаните.