На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како двајца мажи брутално се тепаат насред улица во Белград.

Како што објавуваат српските медиуми, двајцата мажи, излегле од своите возила и почнале да се тепаат. Го блокирале сообраќајкот, а трет маж се обидел да ги раздвои.

Одвратно, коментирал еден корисник на социјалната мрежа под објавеното видео.

Некој е виновен. Безобразие и нетолеранција. Никој не може туку така да излезе од автомобил и да се тепа, коментира друг корисник на твитер.