Министерството за транспорт информира дека патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои брзо се надминуваат благодарение на интервенците од дежурните екипи од ЈП „Инфраструктура“ на терен.

„Посебен акцент е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови.

Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се предизвикани од заснежени или замрзнати свртници. Јавното претпријатие „Инфраструктура – Железници“ исто така со дежурни екипи континуирано работат на расчистување и одржување на свртниците, овозможувајќи континуитет во сообраќајот.

„Железници на Северна Македонија – Транспорт“ и ЈП „Инфраструктура“ остануваат посветени на обезбедување квалитетна и сигурна услуга за сите корисници“, велат од министерството.