Најмалку 162 лица загинаа во земјотресот во Индонезија, според гувернерот на Западна Јава.

Advertisements

Стотици се повредени, а над 13.400 се раселени по земјотресот со јачина од 5,6 степени, изјави гувернерот Ридван Камил.
Херман Сухерман, официјален претставник од Цианџур, за ТВ Компас изјави дека напорите за евакуација се отежнати поради лизгање на земјиштето на некои места.
Според Националната агенција за ублажување на катастрофи, многу луѓе биле повредени бидејќи биле погодени од урнати згради, а некои жители останале заробени во урнатините.

Меѓу урнатините се пронајдени 25 лица и потрагата ќе продолжи во текот на ноќта. Струјата во областа е  прекината, поради што прекината е и комуникацијата.sky

Прикажи повеќе