Според EMSC, земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала се случил на длабочина од 2 километри, во близина на Бибиње во Задарската жупанија.
Епицентарот на земјотресот бил на пет километри од Придраг, односно на 102 километри од Сплит.
„Благо тресење“, „Бучава, околу 10 секунди“, „Силен звук со благо тресење“ се само дел од коментарите на социјалните мрежи. Засега нема информации за штети или повредени.
Медиумите во регионот потсетуваат дека земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала во четвртокот утрото ја погоди областа кај Осиек во Хрватска