Во северниот дел на африканската пустина, каде што единствен посетител е само свирежот на ветрот, лежат десетици заборавени гробници кои ја чуваат историјата на регионот.

Advertisements

Судан, земјата што е избришана речиси од секоја туристичка понуда. Има двојно повеќе пирамиди отколку што ќе најдете во Египет, а древниот град Солеб, дом на истоимениот храм, е еден од најдобро зачуваните храмови во регионот. Се наоѓа на западната страна на реката Нил, а го изградил фараонот Аменхотеп III во 14 век п.н.е. Најмногу го посетувал болниот владетел-дете, Тутанкамон, кој своето име го врежал на еден од лавовите што некогаш го чувале влезот, а сега се наоѓаат во британскиот музеј.

Почнувајќи од 3.000 – тата , па сѐ до 2.890 – тата година п.н.е. египетските фараони ги испратиле своите војски јужно по течението на Нил, во потрага по злато и робови. Кога го достигнале крајниот југ и планината Џебел Баркал, изградиле тврдина, а подоцна и храмови, сакајќи да ја покажат својата доминација над Нубијците.

Освоената територија станала позната под името – Куш. Кога во 1070 година п.н.е египетското царство почнало да пропаѓа, Нубијците сталане слободен народ. Сепак, религијата од Египќаните, вклучувајќи ја и изградбата на пирамидите и натаму останата присутна.

Следувал векот на владеење на црните фараони. Последното поголемо наоѓалиште на нивните гробници бил градот Меро, на источниот брег на Нил, каде што се пронајдени повеќе од 200 пирамиди, распоредени во три населби.