Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата ги обвини руските сили за мачење на населението во окупираниот украински регион Харков.

– Во ослободениот регион откриени се најмалку на десет места за мачење. Тортурата беше широко распространета практика на окупираната територија, изјави Зеленски.

Тој ги нарече руските сили окупаторите и фашисти и нивното однесување го поистовети со однесувањето на нацистите.

– Како и нацистите, Русите за своите постапки ќе одговараат на суд. Ќе ги утврдиме идентитетите на сите оние кои мачеа и малтретираа луѓе, посочи Зеленски.

Тој додаде дека докази за мачење пронајдени се и на телата откриени во масовната гробница во шума во близина на градот Изјум.

Меѓународната заедница вчера побара да се формира меѓународен суд и Русите да одговараат за воените злосторства во Украина.