Расте загриженоста поради борбите во близина на најголемата нуклеарна централа во Европа во Запорожје Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европа е на раб на радијациска катастрофа откако нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, беше исклучена од електричната мрежа на Украина.

„За прв пат во историјата беше исклучена нуклеарната централа Запорожје. Светот мора да разбере каква закана е ова. Ако генераторот со нафта не беше вклучен, ако персоналот на нашата станица не работеше по прекинот, сега ќе бевме принудени да се соочиме со последиците од катастрофа“, рече Зеленски.

Зеленски рече дека претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија треба да добијат итен пристап до земјата.

„Потребен е меѓународен притисок, принудувајќи ги напаѓачите веднаш да се повлечат од територијата на Запорожје. Меѓународната агенција за атомска енергија и другите меѓународни организации мора да дејствуваат многу побрзо отколку сега, бидејќи секоја минута од престојот на руската војска во нуклеарната централа е ризик за глобална радијациска катастрофа”, додаде Зеленски.

Државната нуклеарна компанија соопшти дека поради опасност од пожари и оштетени проводници, сите 6 реактори на електраната во Запорожје и натаму остануваат исклучени. Украина со недели тврди дека Русија сака струјата од Запорожје да се префрли на нејзините проводници. Нуклеарната централа во Запорожје е под руска контрола од март, додека во овој регион со недели се водат жестоки борби.

Алсат

Прикажи повеќе