Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го прогласи клучниот источен град Лиман за „целосно исчистен“ од руските сили.
Соопштението дојде само еден ден откако Русија објави дека нејзините војници одлучиле да се повлечат од нивното повеќемесечно упориште во северниот регион Доњецк, пренесуваат британските медиуми.
„Од 12:30 часот по украинско време, Лиман е целосно исчистен“, изјави Зеленски во краткото видео на неговиот канал на Телеграм.