Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ е избрано на јавниот повик на Општина Охрид за финансиска поддршка на граѓанска организација која координира Центар на територија на општината, кој згрижува и третира деца со атипичен развој.

Општина Охрид соопшти дека со избраната граѓанска организација ќе биде склучен договор во кој детално ќе бидат наведени обврските на двете страни во однос на спроведување на активностите.

Согласно јавниот повик, кој беше распишан на почетокот на месецот, средствата треба да бидат наменети за поддршка на семејства од социјален ризик и треба да овозможуваат намалување на нивните трошоци кон Центарот. Вкупната финансиска поддршка, како што стоеше во повикот, изнесува 432.000 денари.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.