Во вчерашниот дневен биланс на состојбата со ковид-19 се регистрирани 865 нови случаи на ковид-19, при што 25 лица починаа од последиците на вирусот, а 641 пациенти се излекуваа.
Нови 865 случаи на коронавирус, 25 лица починаа, 641 пациенти се излекувани
Владата ја стартуваше кампањата „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците, при што апелираше тие да бидат поминати со најблиските.
– Главната порака е луѓето да се стрпат од излегување, сепак да не се излегува и сега во овој период без некоја голема потреба. Луѓето да не се групираат на штандовите. За време на претстојните празници, слави, на новогодишната ноќ граѓаните да останат во рамките на своето семејство, заради тоа што видовме дека мини кластери потекнуваат таму каде има поголем број луѓе од повеќе семејства, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче: Граѓаните периодов да не излегуваат без потреба, ниту да се групираат
Не постои можност, посочи министерот, да се влезе во домот, загарантиран е интегритетот и тоа е согласно Уставот и тоа ни беше укажано кога го носевме новиот Закон за заштита на населението од заразни болести.
– Останува на свеста на граѓаните и затоа секојдневно апелираме да се почитуваат овие мерки. Да не се мешаат повеќе семејства заедно тоа е главниот ризик. Мерките се на сила од овој петок (18 декември) до 20 јануари, рече Филипче одговарајќи на новинарски прашања по вчерашната прес-конференција пред Клиниката за детски болести.
Здравствените работници исто така ја поддржаа кампањата „Празнувај одговорно” . Тие порачаа дека има време за големи журки и големи забави, кои сите граѓани ги посакуваат.
„Да не се опуштаме сега, да избегнеме собири, ќе има други прослави на Нова Година. Сега е важно сите да останеме дома, да не се групираме. Граѓаните новогодишните празници да ги поминат во кругот на најтесното семејство, без да се групираат, за да може наредната Нова Година да биде сосема на друг начин прославена“, посочија здравствените работници.
ВИДЕО | Здравствените работници порачуваат: Да ги прославиме новогодишните празници со најблиските