Заврши тендерот на ЕВН Хоум или Универзалниот снабдувач за набавка на електрична енергија за следните шест месеци. Според информациите до кои дојде Алсат, ЕВН Хоум најповолна понуда доби од државната АД ЕСМ, со цена од 36,1 евро за мегават/часови. На тендерот учествувале две компании, АД ЕСМ и ЕФТ. Според планот, државната компанија ЕСМ, годинава треба да обезбеди 70 отсто од потребните количини на ЕВН Хоум за снабдување со струја на граѓаните, но нашите информации велат дека се преговара ЕСМ да ја обезбеди целата потребна струја.
Инаку, новата цена на електричната енергија која треба да се соопшти до крајот на овој месец најмногу зависи токму од сумата која денеска ја понудува ЕСМ.
Лани ЕСМ понуди 38,8 евра за мегават/часови, или за 7 отсто повисока од годинешната.